MotoGP

MotoGP: Педроса ќе се повлече од трките?

Со оглед на тоа дека Педроса закажа специјална прес конференција во пресрет на трката во Заксенринг, се чини дека ќе соопшти дека донел одлука после тринаесет сезони во шампионатот да се повлече од натпреварувањето.

Следете нè на:

 

Постојат големи шанси Дани Педроса да објави повлекување од натпреварувањето за време на трката која овој викенд ќе се оддржи во Германија. Ваквата одлука на Педроса би можела да се должи на фактот дека не успеа да дојде до договор помеѓу MotoGP ветеранот и новиот тим Petronas Yamaha.

732518

Педроса беше поврзуван со тимот од моментот кога Хорхе Лоренцо го презеде неговото место во Honda, но сега стигнуваат информации дека тој не успеал да постигне договор со Малезиската екипа.

А со оглед на тоа дека Педроса закажа специјална прес конференција во пресрет на трката во Заксенринг, се чини дека ќе соопшти дека донел одлука после тринаесет сезони во шампионатот да се повлече од натпреварувањето. Вакви гласини имаше и на почетокот на сезоната, а се веруваше дека тој ќе ја соопшти одлуката за време на Гран При викендот во Барселона пред еден месец. Но, најверојатно тоа беше оддложено со помош на Dorna кои побараа од Педроса да не ја соопштува конечната одлука се додека не разговара со новиот тим на Yamaha.

Се верува дека главна пречка во преговорите биле преголемите барања на Пердоса, а меѓу нив било и тоа да има ист мотоцикл како и Валентино Роси и Маверик Вињалес. Малезискиот тим, и покрај тоа што има поддршка од Petronas, не бил во можност да ги прифати овие барања.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.