Возачот на Хонда Репсол тимот е неизвесен за следната трка која се вози на 12 април на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, Тексас (САД)

26 pedrosa qatartestmgp

Возачот на Хонда Репсол тимот е неизвесен за следната трка која се вози на 12 април на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, Тексас (САД).

Дани Педроса по вчерашната трка во Катар се пожали јавно дека има проблеми со раката кои го спречуваат во целост да го покаже својот потенцијал. Според Педроса проблемот е во пумпањето на раката, состојба со која се справувал и во минатата сезона но до сега јавно не се пожалил иако тимот бил известен за тоа.

Состојбата со неговата рака во текот на вчерашната трка се влошила, па Дани во деновиве кои следуваат ќе се обиде да најде решение кое ќе биде прифатливо за сите. Иако напомена дека тимот е запознаен со ситуацијата, тој потенцираше дека проблемот е до таа мера голем што размислува да подлегне на операција која би го вратила на патеките во препознатлива форма. Хируршкиот зафат сигурно ќе го оддалечи од патеката на одреден период, а имајќи во предвид дека следната трка е за само две недели најверојатно возачот на Хонда нема да учествува на неа.

„Иако е долга приказната, ќе се обидам да ја скратам, минатата година имав проблем со пумпање на раката на секоја трка. Заради ова и резултатите кои ги забележав не беа на вистинското ниво. Пробував да го решам проблемот неколкупати но не го најдов вистинскиот одговор за мојот проблем. Поминав низ една операција која за жал не беше успешна, но се обидов да не зборувам во јавноста за ова, а Хонда знаеше што се случува. Оваа зима патував по светот барајќи мислење од повеќе доктори за тоа дали да подлегнам на нова операција со цел да бидам подготвен за оваа сезона“.

„Сите доктори ме советуваа да не се оперирам заради ризикот кој постои, јас ги следев нивните совети и пробував да работам на случајот на помалку агресивен начин. Оваа ситуација ме доведе до вчерашната трка кога иако не се чувствував добро морав да се појавам. Сега знам дека не можам да продолжам вака и ќе морам да најдам начин да го решам проблемот. Сеуште не знам како ќе го направам тоа бидејќи докторите не се сигурни за операцијата, но морам да го направам тоа и тимот е веќе известен. Немам конкретни одговори во моментот, ништо не е сигурно но се надевам наскоро дека ќе имам повеќе информации“ - изјави Педроса за motogp.com по трката во Катар.

Back To Top