MotoGP

МотоГП: Оваа година на патеките е воведен Track Limit Detection системот

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Следете нè на:

 

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Веќе нема да гледаме носење на чудни одлуки на патеките откако Dorna го претстави новиот „track limit detection“ системот.

Тој е составен од сензори на патеката кои треба да обезбедат поголема точност и прецизност при носењето на одлуките. Целта е возачите да бидат изедначени кога ќе се појават на патеката а можноста за човечка грешка со него е сведена на минимум.

 DSC3605

Мајк Веб - Race Director

„Претходните регулации остануваат на сила но изминатиов период работевме на подобрување на системот со цел да се намалат грешките. Имаме нов систем кој има сензори на притисок на патеката. На тој начин точно можеме да утврдиме кога еден возач ќе излезе надвор од границите на патеката. Овој систем е многу поточен.“

„Правилото останува исто со таа разлика што ако возачот излезе надвор од границите на патеката, веднаш ќе знаеме. Во минатото моравме детално да ја прегледаме снимката пред да донесеме одлука. Сега е многу поедноставно и поточно.“

motogp trac detection system txt 2 12 04

„Разликата за возачите и протоколот е тоа дека ако сега едно тркало е надвор, тоа значи дека е надвор. Во минатото се правеше проценка колку е излезено тркалото надвор. Сега повеќе го нема тоа. Нема никаква разлика дали станува збор за едно или за двете тркала. Системот сега е многу попрецизен за секој возач и јасно се гледа кога еден натпреварувач ќе излезе надвор од патеката. Правилото е исто но одлуката е многу попрецизна.“

Технологијата за прв пат беше употребена во Катар а во иднина возачите ќе треба да бидат многу повнимателни кога ќе возат низ свиоците.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.