Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Пред дванаесет месеци, возачите се жалеа поради лошата подлога на патеката, Дани Педроса дури ја спореди и со патека која би можела да биде дел од Суперкрос серијата и најави дека не е подготвен да вози повторно таму доколку претходно не се направат некакви промени. Изградена врз специфична почва која ја има само во тој регион, патеката значително се промени од нејзиното пуштање во употреба во 2012 година.

texas cota

Со истиот проблем се соочуваат и инжинерите кои работат на автопати во близина на патеката. Многу често, новиот пат се остава да се стабилизира најмалку една година пред целосно да биде завршен.

Дел од вработените на патеката во изминативе неколку недели се обиделе да ги поправат испакнатите делови на патеката. Сепак, веројатно таквите обиди само ја направиле патеката да биде ултра абразивна за пневматиците.

Иако се уште не е соодветно испитана од страна на возачите, претставниците за безбедност и од Michelin, постои можност да биде воведен задолжителен влез во гаражите доколку биде донесен заклучок дека патеката не е во врвна состојба. Секоја одлука ќе биде донесена после средбата на безбедносната комисија која е закажана за во петок.

Back To Top