Возачот на Ducati MotoGP, Хорхе Лоренцо смета дека од голема важност во пресрет на новата трка која ќе се оддржи овој викенд во Аргентина, е да помине што е можно повеќе време на мотоциклот.

Возачот на Ducati MotoGP, Хорхе Лоренцо смета дека од голема важност во пресрет на новата трка која ќе се оддржи овој викенд во Аргентина, е да помине што е можно повеќе време на мотоциклот.

Лоренцо, кој се надеваше на подобар настап на трката во Катар, признава дека се уште го чека работа за да може да се вклучи во борбата за победа.

lorenco argentina

„Шампионатот не започна онака како што посакувавме но мораме да продолжиме понатаму и да се фокусираме на следната трка. Со нетрпение ја очекувам трката во Аргентина за да можам да поминам повеќе време на мотоциклот и побрзо да се навикнам на него. Иако не постигнав добри резултати на оваа патека во изминативе неколку сезони, таа е навистина посебна. Минатата година Ducati помина добро тука и се надевам дека оваа година ќе можеме да направиме чекор понапред. Мораме да останеме фокусирани и да работиме на сетапот со цел да бидеме подобри.“

Сепак, според неговиот тимски колега Андреа Довициозо, тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

„Патеката е навистина посебна. Но условите можат во секој момент да се променат. Во секој случај, ова е добра патека и досега сме постигнувале добри резултати тука. После добрите резултати во Катар и на тестот во Херез, прилично сме возбудени.Таму поставивме добра основа.“

Back To Top