MotoGP

MotoGP: Лоренцо победи на Ле Ман и се доближи до Роси

Петтата рунда од МотоГП шампионатот помина во знакот на Јамаха, тимот кој дојде до 1-2 победа на патеката Ле Ман во Франција благодарение на фантастичното возење на Лоренцо и Роси, а Довициозо на Дукати заврши како трет.

Следете нè на:

 

rosi lorenzo leman1-2 победа за тимот на Јамаха во Франција

Петтата рунда од МотоГП шампионатот помина во знакот на Јамаха, тимот кој дојде до 1-2 победа на патеката Ле Ман во Франција благодарение на фантастичното возење на Лоренцо и Роси, а Довициозо на Дукати заврши како трет.

По фантастичната трка во Херез, Хорхе Лоренцо покажа дека е вратен 100% на патеките со втората последователна победа, овој пат на трката за Големата Награда на Франција. Неговиот клубски колега Валентино Роси исто така возеше одлично и дојде до петтиот подиум на исто толку трки сезонава.

Лоренцо беше фантастичен на самиот старт, а потоа и низ сите 28 круга колку што се возеа на Ле Ман. Тој стартуваше од третата позиција, а веќе во првиот свиок дојде до втората позиција, за во вториот свиок да избие на чело на колоната. Доминацијата на Лоренцо се покажа и по предноста од половина секунда уште во првиот круг пред двајцата возачи на Дукати, Андреа Довициозо и Андреа Ианон.

Валентино Роси стартуваше од седмата позиција, но за искусниот „Доктор“ тоа не беше пречке да се вмеша во првите пет во првиот круг, а потоа и чекор по чекор да дојде до втората позиција што го остави на првото место во генералниот пласман по 5 извозени трки во шампионатот. Со овие 20 бодови Роси има предност од 15 пред својот клубски колега Хорхе Лоренцо кој сега вкупно има 87 поени, наспроти 102 на Роси.

Возачите на Хонда Репсол тимот немаа среќа на денешната трка односно не ги исполнија очекувањата во целост, па така Марк Маркез мораше да се задоволи со четвртото место, а повратникот Дани Педроса финишираше на 16-та позиција. Трката сепак беше одбележана од одличната борба за четвртата позиција помеѓу Маркез со Андреа Ианон и Бредли Смит. Маркез имаше лош старт и проблеми во првите свиоци па се возеше долго време на шестата позиција, за во финишто на трката да започне да вози со темпото кое го очекуваме од него и да дојде до четвртото место. Возбудливата борба помеѓу Ианон и Маркез траеше неколку кругови во кои видовме наизменични поминувања и беспоштедна борба, за на крајот возачот на Хонда да излезе како подобар и со тоа да освои значителни бодови во борбата за шампионската титула.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 43'44.143
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +3.820
3 16 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +12.380
4 13 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +19.890
5 11 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +20.237
6 10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +21.145
7 9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +35.493
8 8 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati +39.601
9 7 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +41.571
10 6 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati +42.789
11 5 69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +53.636
12 4 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +1'00.617
13 3 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +1'04.272
14 2 50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'05.259
15 1 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'05.515
16   26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1'20.907
17   15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART +1'21.663
18   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1 Круг
Без пласман
    43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 14 Круга
    17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 14 Круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 21 Круга
    45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda 25 Круга
    63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati 25 Круга
    41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 26 Круга
    6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward 27 Круга

Следната трка се вози на патеката Муџело во Италија на 31-ви мај.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.