По успешниот викенд во Херез, тимот на Јамаха е подготвен за петтата рунда во МотоГП шампионатот која се вози на патеката Ле Ман во Франција.

rossi lorenzo

По успешниот викенд во Херез, тимот на Јамаха е подготвен за петтата рунда во МотоГП шампионатот која се вози на патеката Ле Ман во Франција.

По фантастичната победа на Лоренцо и 200-от подиум на Роси, тимот на Јамаха со нетрпение ја очекува трката за ГН на Франција. Валентино Роси кој е на чело на шампионатот од првата трка во Катар, на последната го продолжи водството и во генералниот пласман има предност од 15 поени, па оправдано се надева на продолжување на успешната низа резултати на Ле Ман. Тој на оваа патека има забележано три победи (2002, 2005 и 2008), четири втори места (2003, 2010, 2012 и 2014) и три трети места (2000, 2001 и 2011).

Лоренцо исто така има успеси на патеката Ле Ман меѓу кои се трите победи во 2009, 2010 и 2012 и второто место во 2008. Шпанецот по успехот во Херез во генералниот пласман се искачи на третата позиција со заостанување од само 20 поени зад неговиот клубски колега.

lemanПатеката Ле Ман е изградена во 1965 година, а нај позната е по 24 часовната трка која се одржува на неа. Иако од доцните 60-ти години била домаќин на ГП трки, во 1996 година беше тргната од календарот, се до 2000. Причината за повлекувањето на патеката од календарот беше сериозниот инцидент на Алберто Пјуиг, а по извршените модификации на тесната патека, таа се врати во календарот и е домаќин на повеќе од 100.000 гледачи секоја година. На патеката доминираат свиоци кои се поминуваат со прва брзина, карактеристична е по доцното кочење и раното забрзување што резултираше со неколку извонредни трки во изминатите години.

Трката се вози во недела (17 мај) со почеток од 14 часот.

Back To Top