MotoGP

MotoGP: Добар резултат на дебитантите Морбидели и Сиахрин

Големо изненадување претставува настапот на Малезиецот Хафиз Сиахрин кој заврши на четиринаесетото место иако многумина се сомневаа во неговите квалитети кога прв пат беше објавено дека ќе биде замена за Јонас Фолгер.

Следете нè на:

 

Дебитантите во MotoGP имаа успешен настап на првата трка од сезоната. Актуелниот Moto2 шампион Франко Морбидели имаше импресивна трка и на крајот се најде на дванаесетото место. Сепак, големо изненадување претставува настапот на Малезиецот Хафиз Сиахрин кој заврши на четиринаесетото место иако многумина се сомневаа во неговите квалитети кога прв пат беше објавено дека ќе биде замена за Јонас Фолгер.

morbidelli vs syahrin

Морбидели вели дека успеал да научи многу од настапот пред се поради можноста да се натпреварува со фабричките возачи во првиот дел од трката.

„Не очекував ваков резултат но ова беше навистина добра прва трка за мене. Среќен сум и особено поради посветеноста на тимот. Имав добра брзина но најважно е што успеав да ја завршам трката. На почетокот на трката се борев Хорхе Лоренцо и Маверик Вињалес и тоа беше добро чувство. Сега треба да продолжам да учам и да напредувам.“

Возачот на  Monster Yamaha Tech 3 Сиахрин пак вели дека по завршувањето на трката му станало јасно дека го чека уште многу работа.

„Ја завршив мојата прва MotoGP трка и успеав да се најдам на позиција која носи поени. Не очекував дека ќе постигнам такво нешто но ако сте целосно фокусирани и мотивирани, тогаш се е возможно. Исто така дел од работите на кои треба да обрнам поголемо внимание е и електрониката. За време на трката бев малку нервозен. Не сакав да направам некоја поголема грешка но сепак кратко се најдов надвор од патеката. Ја завршив трката и успеав да освојат два поени за тимот. Тоа ме прави навистина среќен.“

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.