(Време на читање: 1 - 2 минути)

Маверик Вињалес не беше единствениот возач на Yamaha кој имаше импресивен настап на минатонеделниот тест на Филип Ајленд. Дебитантот Јонас Фолгер имаше сензационален настап и на крајот заврши на четвртото место. Само малку му фалеше да влезе во елитниот клуб на возачи кои имаа време помалку од 1:28 по извозен круг.

jonas folger filip ajlend

Германецот, кој во текот на целиот тренинг имаше добро темпо, покажа неверојатна промена на формата по тешкиот настап кој го имаше минатата сезона во Moto2 шампионатот. Но тој вели  дека главна причина за тоа е напредната технологија кој му овозможува да вози со мотоциклот онака како што посакува.

„Тешко е да се каже зошто транзицијата е толку добра, но електрониката на мотоциклот ми помогна на многу начини, особено на места каде што имав проблеми во Moto2. Половина од проблемот го решив јас, а другата половина механичарите. Тие забележуваат многу работи на мотоциклот и ми кажуваат каде грешам.“

„Изненаден сум од времето кое го постигнав. Мислам дека морам да останам смирен и да не очекувам премногу. Во моментов само тестирам, а за време на трка многу работи можат да се променат.“

Тимскиот колега на Фолгер, Јохан Зарко, кој заврши на петнаесетото место, призна дека понекогаш му е потребно повеќе време за да се прилагоди на новата машина и дека верува дека ќе ја врати брзината.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: