(Време на читање: 1 - 2 минути)


Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Извршниот директор на тимот вели дека се свесни за можноста која им е пружена.

ducati avintia gp

„Ми претставува големо задоволство да објавам дека следната сезона ќе возиме со Ducati. Ние сме како семејство и целосно сме интегрирани во нивниот MotoGP проект. Имавме и други опции за следната сезона, но довербата која ни дадоа Паоло Чиабати и Џиџи Далиња во текот на сите овие години ни помогна полесно да ја донесеме одлуката.“

„Чувствуваме дека имаме голема доверба од фабриката и гаранцијата дека следната сезона ќе настапиме со мотоциклот со кој тие настапуваат оваа сезона е навистина важно за нас. Сега ќе ни биде полесно да најдеме нови спонзори и да продолжиме да се развиваме.“

Задоволството од договорот го потврди и Паоло Чиабати, спортскиот директор на Ducati Corse, кој изјави дека со задоволство ја продолжиле соработката.

„Многу сме задоволни што ја продолжуваме соработката со Reale Avintia Racing. Тоа е тим кој започна да соработува со нас уште кон крајот на 2014 година и продолжија да растат заедно со Ducati. Веруваме дека тимот ќе продолжи да расте и во текот на следната сезона.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: