По вчерашниот инцидент на Скот Рединг заради гумите на Мишелин, од фабриката утринава излегоа со соопштение кое целосно може да го промени исходот на трката.

Со најновата одлука на Мишелин вчерашните квалификации можеби и воопшто не се важни. По инцидентот на Скот Рединг заради гумите на Мишелин во четвртиот тренинг, од фабриката утринава излегоа со соопштение кое целосно може да го промени исходот на трката.

Мишелин по разговорите со Дорна, ИРТА и сите тимови од МотоГП шампионатот одлучија да ги повлечат двете компоненти на гуми кои им беа достапни на возачите во досегашните сесии во Аргентина.

redding tyre

Средната и тврда компонента („Medium“ и „Hard“) на Мишелин гумите сега ќе биде заменета со нова екстра („Extra“) гума. Како што налагаат и самите правила во МотоГП проиазводителот на гуми е задолжен да обезбеди екстра компонента во вакви случаи, па Мишелин тоа и го стори. Новата гума е изработена со поцврста конструкција, а компонентата е слична на средната која се возеше и до сега.

Заради задолжителните промени, сите тимови ќе добијат уште еден (петти) слободен тренинг на кој ќе имаат прилика да ги пробаат новите гуми. Тренингот ќе се одржи во 14 часот по наше време, а сеуште нема потврда дали ќе се пренесува во живо на СпортКлуб канлите. Тренингот ќе трае 30 минути по што ќе продолжат варм-ап сесиите (20 минути), а трката се вози вечерва со почеток од 21 часот.

  Недела (03.4.2016)
14:00 Слободен тренинг - MotoGP
14:40 Загревање - Moto 3
15:10 Загревање - Moto 2
15:40 Загревање - MotoGP
18:00 Трка - Moto 3 во живо (SK3)
19:20 Трка - Moto 2 во живо (SK3)
21:00 Трка - Moto GP во живо (SK3)

За оние кои ја немаат СпортКлуб 3 програмата во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top