(Време на читање: 1 - 2 минути)


Тимот на Сузуки соопшти дека од следната година фабрички возач за тимот ќе биде возачот од Мото2, Алекс Ринс.

Тимот на Сузуки соопшти дека од следната година фабрички возач за тимот ќе биде возачот од Мото2, Алекс Ринс.

Ринс ќе му прави друштво на Андреа Јанон кој веќе потпиша две годишен договор со тимот на Сузуки. Овие двајца возачи ќе се обидат да го продолжат напредокот на Сузуки кој оваа сезона успеа да се вмеша во врвот во МотоГП шампионатот.

alex rins suzuki

Ринс е 20 годишен возач кој започнал со трките на седум годишна возраст. Неговиот дебитански настап во МотоГП се случи во 2012 година како возач во Мото3 класата. Првата пол позиција ја забележа веќе на втората трка во шампионатот. Во Мото3 помина 3 сезони, забележувајќи 8 победи, а во 2013 стана вице шампион. Од 2015 премина во Мото2 класата, минатата година го доби признанието за „Почетник на годината“ откако заврши на втората позиција на крајот од сезоната. Оваа година тој веќе има забележано две победи.

Во соопштението од тимот на крајот му се заблагодаруваат и на Алеш Еспергаро за досегашната соработка и му посакуваат се најдобро. Еспергаро на крајот од оваа сезона го напушта Сузуки и ќе му се приклучи на тимот на Априлија, за кого ќе настапува и Сем Ловс.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: