MotoGP

MotoGP: 11-та пол позиција за Маркез во сезоната

Марк Маркез ќе ја започне утрешната МотоГП трка на патеката Арагон од првата позиција по 11-ти пат во сезоната.

Следете нè на:

 

Марк Маркез ќе ја започне утрешната МотоГП трка на патеката Арагон од првата позиција по 11-ти пат во сезоната.

93marquez  gp 9707 original11-та пол позиција за Марк Маркез во сезоната

Времето од 1’47.187 на патеката Арагон е новиот рекорд кој го постави Марк Маркез на денешните квалификации пред трката за ГН на Арагон. На Шпанецот ова ќе му биде 11-та пол позиција во сезоната, или вкупно 20-та во кралската класа.

Маркез имаше најдобро време скоро во целата сесија, откако еднаш го помина претходниот рекорд Дани Педроса се погрижи да внесе малку возбуда во квалификациите подобрувајќи го времето на Маркез. Актуелниот шампион дури во последниот круг одговори на предизвикот од Дани и дојде до 11-та пол позиција во сезоната.

Изненади одличното возење на Андреа Ианон кој трката утре ќе ја започне од првиот ред, додека пак Пол Еспергаро ќе биде прв во вториот ред. Кал Крачлоу приреди уште едно одлично возење, благодарение на кое на утрешната трка ќе стартува од петтата позиција, пред Валентино Роси. Хорхе Лоренцо забележа само седми резултат, пред Штефан Брадл и Андреа Довициозо.

Во Q2 во борба за пласман се најдоа уште и Алеш Еспергаро, Бредли Смит и Хектор Барбера. Во продолжение следуваат и резултатите од втората квалификациска сесија.

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 328.2 1'47.187  
2 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 329.1 1'47.549 0.362 / 0.362
3 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 332.2 1'47.685 0.498 / 0.136
4 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 327.3 1'47.865 0.678 / 0.180
5 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 326.7 1'47.897 0.710 / 0.032
6 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 328.3 1'48.226 1.039 / 0.329
7 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 327.2 1'48.246 1.059 / 0.020
8 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 330.3 1'48.368 1.181 / 0.122
9 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 331.2 1'48.542 1.355 / 0.174
10 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 321.4 1'48.568 1.381 / 0.026
11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 327.9 1'48.810 1.623 / 0.242
  8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati    

Утрешната трка започнува во 14 часот, со директен пренос на СпортКлуб каналот. Трката во класата Мото3 започнува во 11, а Мото2 започнува во 12.20. За оние кои немаат СпортКлуб во својата телевизиска понуда, трките можат да ги следат преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.