Алекс Маркез потврди дека ќе остане дел од тимот Marc VDS во Moto2 шампионатот и во сезоната 2019.

Со ова завршуваат шпекулациите дека братот на актуелниот шампион од MotoGP серијата би можел да премине во премиерната класа. Поранешниот шампион од Moto3 серијата беше поврзуван со премин во тимот Avintia Ducati. Сепак, тој потврди дека и во иднина ќе биде дел од средната класа.

alex marquez 2017 motogp jerez test

„Многу сум среќен што можам да потврдам дека и во иднина ќе бидам дел од Estrella Galicia 0,0 Marc VDS. Сакам да му се заблагодарам на тимот за довербата која ја имаат во мене. Не очекува година која ќе биде исполнета со многу предизвици но и промени на правилата.“

„Ова ќе ми помогне да продолжам да растам како возач, а исто така ќе ме подготви и за остварување на една од моите главни цели, а тоа е премин во MotoGP. Имам голема мотивација да продолжам да бидам дел од овој проект и ќе дадам се од себе за да го освоиме Moto 2 шампионатот.“

Оваа вест исто така го потврдува и повлекувањето на тимот Marc VDS од премиерната класа следната сезона. Наредната година, на патеката ќе останат 22 машини.

Back To Top