Малку незграпен избор на зборови, но секако се радуваме што ултраталентираниот 6-кратен шампион се чувствува подобро и се врати на тренирањето со мотоцикл.

 marquez portimao

Пишувавме веќе за состојбата на Шпанецот, над кој висеше голем прашалник за времето на неговото враќање на патеките. По оваа последна повреда, за разлика од претходната кога по скршеницата во Херез во 2020, веќе по неколку дена правеше склекови и се обиде да се врати веднаш на патеката, од таборот на Marc овој пат се многу по воздржани. 

Разбирливо е дека мината повреда беше сурово школо за тоа дека не е секогаш брзината најважна, па почекаа овојпат и не избразаа со евентуално прерано враќање на трките или тренинзите. 

Marc го направи првиот тренинг на мотор по цели 3 месеци пред 3 дена на крос патека со својата Honda CRF како прво скалило кон она што следеше. Ни кацигата не можеше да му ја скрие радоста кога се паркираше по неколкуте извозени круга. Навистина за некој кој не може да си го замисли животот без мотори, прилично сурова судбина се оваа серија на повреди.

По позитивните оценки од Marc, но и од неговиот лекарски тим, вчера беше организиран уште еден тест, но овој пат на машината RC213V-S која е најблиско нешто до прототипот со кој се натпреварува.

Во Портимао беше организиран приватен тест за да се направи евалуација на повредата и да се направи една прогноза за тоа дали е спремен да го извози првиот официјален тест во Малезија. 

Се чека официјална информација дали тестот помина според очекувањето и дали конечно ќе го видиме Шпанецот фит за тестирање и трка. Ако и радикално преработениот прототип на Honda е навистина голем чекор напред како што најавија останатите возачи на HRC, тогаш конкуренцијата може да се замисли. 

Останува да видиме секако и колку од силата на десната повредена рака е вратeна по паузата и дали ќе биде на 100% во тој поглед.

Back To Top