Додека продолжува дискусијата околу безбедноста во MotoGP боксовите, актуелниот шампион Марк Маркез предлага да почне да се употребува „lollipop man“, кој веќе го има во Формула 1.

Додека продолжува дискусијата околу безбедноста во MotoGP боксовите, актуелниот шампион Марк Маркез предлага да почне да се употребува „lollipop man“, кој веќе го има во Формула 1.

На последната трка, Андреа Ианоне падна од мотоциклот по сударот со Алеш Еспаргаро за време на промената на мотоциклите, а исто така се појавија и снимки како Лорис Баз удира еден од своите механичари. Иако Маркез смета дека инцидентот со Баз е поради невнимание, сепак верува дека треба да се направи повеќе со цел да се избегне нов инцидент сличен на оној меѓу Ианоне и Еспаргаро.

lollypop man motogp

„За мене добар прелог е за секој возач да има и еден механичар кој ќе биде надвор од боксот. За ова планирам да разговарам и со безбедносната комисија. Тоа лице ќе биде одговорно само да гледа дали доаѓа некој мотоцикл и ќе има обележје исто како и во Формула 1 (lollipop man). Мислам дека ова ќе биде добро за во иднина бидејќи е многу тешо да го забележите механичарот како ви дава сигнал само со рака.“

Уште една опција е да се воведе минимум време за промена на мотоциклот, нешто што веќе го има во WSBK. Возачот на Marc VDS Honda вели дека поддржува таков систем.

„Ми се допаѓа правилото во Супербајк серијата. Нема да брзаш и да правиш грешки како што им се случи на Андреа и на Алеш вчера.“

Back To Top