MotoGP

Маркез: Не очекував дека ќе бидам лидер во шампионатот

Дебитантот Марк Маркез го искористи отсуството на неговите ривали и ја оствари втората MotoGP победа оваа сезона.

Следете нè на:

 

motogp-germany-marc-márquezВтора победа за Маркез во сезоната

Дебитантот Марк Маркез го искористи отсуството на неговите ривали и ја оствари втората MotoGP победа оваа сезона.

Марк Маркез го превзеде водството во MotoGP шампионатот по победата која ја оствари на Германската Гран При трка.

Иако Маркез имаше проблеми во првите неколку круга, брзо го превзеде водството од Штефан Брадл и се оддалечи од останатите возачи.

Маркез можеби ќе се соочеше со поголем притисок од Кал Кратчлоу, но Британецот немаше добар старт. Кратчлоу се обиде да изврши притисок врз Шпанецот но возачот на Репсол Хонда не ја испушти контролата.

Иако сега има предност од два поени во однос на Педроса, Маркез призна дека трката во Германија беше полесна поради отсуството на неговите главни ривали.

„Искрено, не очекував дека ќе водам во шампионатот после осум трки. Околностите беа посебни но беше важно да освоиме поени.”

„Во Остин се чувствував малку поинаку бидејќи тогаш возеа Хорхе и Дани. Се надевам дека брзо ќе заздрават. Ова беше различна трка бидејќи сега водев во трката и морав да се справам со Роси и Кратчлоу.”

„Беше одлично искуство и научив многу работи. Сега заминуваме во Лагуна. Ќе биде тешка трка бидејќи никогаш не сум возел на неа. Мораме да бидеме концентрирани.”

Маркез претходно беше лидер на табелата по втората и третата трка.

Извор: Crash.net

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.