MotoGP

Маркез: Лоренцо засега е мистерија

Марк Маркез вели дека не знае каков ќе биде настапот на Хорхе Лоренцо во новата сезона и не е сигурен дали Ducati ќе може да се приклучи во борбата за титулата.

Следете нè на:

 

Марк Маркез вели дека не знае каков ќе биде настапот на Хорхе Лоренцо во новата сезона и не е сигурен дали Ducati ќе може да се приклучи во борбата за титулата.

Актуелниот MotoGP шампион имаше фрустрирачки последен претсезонски тест откако три пати падна за време на третиот ден од тестирањето.

markez losail 17

Маркез останува позитивен и вели дека оваа сезона е подобро подготвен во споредба со минатата година. Сепак, свесен е дека патеката во Лосаил не одговара комплетно на неговиот мотоцикл.

Откако беше воведена трката на календарот во 2004 година, Honda успеа да оствари само три победи од кои последната беше во 2014 година.

Во однос на новата сезона, Маркез очекува возачите на Yamaha како и неговиот тимски колега Дани Педроса да се борат за титулата, но не е сигурен каков ќе биде настапот на Хорхе Лоренцо.

„Ја почнуваме сезоната на патека која не одговара многу на карактеристиките на нашиот мотоцикл. Сепак, не се предаваме и докрај ќе се бориме за победа. Повеќе или помалку, секоја година истите неколку возачи се борат за титулата, оваа година се Роси, Вињалес и Педроса кој имаше многу успешен претсезонски тест.“

„Ќе видиме што ќе се случи со Лоренцо бидејќи и тој може да има добар настап. Но останува мистерија дали секоја недела ќе се бори за победа. “

Маркез е убеден дека Honda може да се бори за победа на патеката во Лосаил.

„Оваа сезона сме подобро подготвени во споредба со минатата сезона, но тоа не значи дека резултатите ќе бидат подобри. Добро сме подготвени, како физички така и ментално. Исто така и доволно сум мотивиран за да се борам за уште една титула.“

„Во однос на техничкиот аспект, секогаш сакам повеќе. Секогаш можеме подобро. Доколку погледнете какви бевме на почетокот на претсезоната, мислам дека го достигнавме оптиманото ниво за да се бориме за победа уште од првата трка.“

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.