MotoGP

Маркез ги надмудри конкурентите за титулата

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез ги надмудри конкурентите за титулата и ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Следете нè на:

 

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез ги надмудри конкурентите за титулата и ја зголеми предноста во генералниот пласман. Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, иако заврши на четвртото место, поради погрешна стратегија не успеа да се вклучи во борбата за првата позиција. Дани Предроса успеа да ја освои втората позиција и на крајот стигна до своето 150-то место на подиумот, а Маверик Вињалес, кој во седмиот круг се наоѓаше на десетата позиција, на крајот сепак успеа да заврши како трети. Маркез сега има предност од 14 поени во однос на Вињалес додека пак Роси се наоѓа на четвртата позиција со заостанување од 22 поени.

IMGP9430Марк Маркез

Трката во Брно започна на влажни услови но веднаш после загревачкиот круг, еден дел од патеката почна да се суши. Маркез веднаш го презеде водството но за кратко време беше претекнат од возачот на Ducati, Хорхе Лоренцо. Неговата позиција продолжи да паѓа и веќе после вториот круг се најде на десетото место. Маркез на крајот на кругот влезе во боксот за да го замени мотоциклот.  

Роси успеа да се искачи на втората позиција и беше во потера по Лоренцо кој веќе успеа да направи предност од 1.5 секунди. Веќе во четвртиот круг тој успеа и да го претекне. Двајцата возачи беа само дел од неколкутемината кои одлучија да останат на патеката и покрај тоа што поголем дел од возачите одлучија да го променат мотоциклот. Веднаш по завршувањето на четвртиот круг на таква опција се одлучи и Лоренцо додека пак Роси одлучи да остане со истите пневматици и да извози уште еден круг. Потоа водството го презеде Јохан Зарко од Tech 3 Yamaha, кој остана единствениот возач на патеката кој се уште не заминал во боксот. Сепак тој само за момент беше лидер на трката бидејќи набрзо беше претекнат од страна на Маркез.

Одлуката на Маркез прв да замине во боксот му овозможи подоцна да направи предност од 19 секунди пред Алеш Еспаргаро и Скот Рединг додека пак Роси се наоѓаше на тринаесетата позиција. До крајот на трката тој успеваше да ја оддржува предноста и стигна до една од најубедливите победи во својата кариера.

Веднаш зад него, тимскиот колега Дани Педроса, постигна значителен напредок и успеа да ги претекне Рединг и Еспаргаро и да се искачи на втората позиција која до крајот на трката не му беше загрозена.

Интересна борба имаше за третото место меѓу Данило Петручи, Епаргаро и минатогодишниот победник, Кал Кратчлоу. Додека тројцата возачи се бореа меѓусебно, отпозади им се прикраде Вињалес кој на крајот успеа да заврши на третата позиција.

Роси напредуваше на патеката и откако се најде на петтата позиција ја започна потерата по Кратчлоу. Иако британецот пружи силен отпор, сепак на крај не успеа да го спречи Роси да ја освои четвртата позиција.

Довициозо трката ја заврши на шестото место, веднаш зад Кратчлоу, а после него беа Петручи, Алеш и Пол Еспаргаро кој успеа да го освои солидното деветто место со КТМ.

Јонас Фолгер заврши на дестото место откако во последниот круг успеа да ги претекне Алекс Ринс и Јохан Зарко. Карел Абрахам, Џек Милер и Лоренцо на крајот завршија од тринаесетото до петнаесетото место. Алваро Баутиста и Лорис Бас паднаа додека пак возачот на КТМ, Бредли Смит, мораше да се повлече од трката.

Во генералниот пласман на првата позиција е Маркез со 154 поени, зад него е Вињалес со 140, а Довициозо е трет со 133. Роси е на четвртата позиција со 132 поени.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.