„Не откривме ништо ново, талентот на Кејси е неверојатен“
Кејси Стонер можеби нема да настапи на трката која ќе се оддржи во Австрија овој викенд, но темпото што го имаше на неодамнешниот приватен тест го импресионираше Хорхе Лоренцо.
Пензионираниот двократен Светски шампион и актуелен тест возач на Ducati, постигна трето најбрзо време.

„Да, го видов денеска на патеката,“ изјави трикратниот шампион Лоренцо. „Импресивно е бидејќи ја нема самодовербата што ја имаат останатите возачи, бидејќи не вози постојано во текот на годината, а се наоѓа на исто ниво со Јанон и Довициозо. Но не откривме ништо ново, неговиот талент е неверојатен.“
Фабричките возачи на Ducati, Андреа Јанон и Андреа Довициозо, беа најдобри на приватниот тест, а веднаш зад нив се најдоа Repsol Honda и Tech 3 Yamaha.
Иако Стонер нема да настапи на трката оваа недела, каде што на хартија, тимот на Ducati конечно има шанса да оствари победа, неговото место ќе го заземе Мишел Пиро.
Поранешните ривали, Лоренцо и Стонер, повторно ќе работат заедно од следната сезона во тимот на Ducati.

Коментари