(Време на читање: 1 - 2 минути)


Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

На последниот пред-сезонски тест кој ќе се оддржи на патеката во Катар, Хорхе Лоренцо ќе го има неговиот прв настап во 2019 година. Новиот возач на Repsol Honda, кој поради повреда мораше да го пропушти тестот во Сепанг, потврди дека ќе се врати на патеката за тестот кој ќе се оддржи од 23-ти до 25-ти февруари.

„Работев напорно за да ја подобрам физичката подготвеност и задоволен сум од резултатот“, изјави Лоренцо кој за прв пат ќе настапи во боите на Repsol Honda.

„Секако дека сакам да бидам во подобра кондиција но и покрај тоа мислам дека ќе имаме добар настап. Прво мораме да ја разбереме состојбата на мотоциклот.Тимот успеа да направи голем прогрес во Сепанг и со нетрпение чекам да се качам на RC213V.“

Lorenco Qatar Txt 21 02

Неговиот тимски колега и актуелен шампион, Марк Маркез исто така не е 100% подготвен и продолжува да се опоравува по операцијата која ја имаше во декември минатата година. Сепак, Шпанецот настапи во Сепанг.

„Веќе сме на последниот тест во пресрет на новата сезона“, вели Маркез. „Секако дека сум возбуден што ќе настапам и што ќе продолжиме со работата која ја започнавме во Малезија.“

„Ми се подобрува состојбата на рамото и сигурен сум дека на овој тест ќе бидам во подобра форма. Фокусот повторно ќе ни биде да ги тестираме најважните делови за да може добро да ја почнеме сезоната.“

И покрај тоа што настапи на пократка патека, Маркез сепак имаше најдобро време на првиот ден од тестот во Сепанг. На крајот заврши како единаесети но во однос на темпото беше многу компетитивен.

Првата трка од новата сезона ќе се оддржи на 10-ти март во Катар.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: