Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Дебитантот Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

На првите девет трки од сезоната, возачот на Petronas Yamaha освои три пол позиции и два пати се искачи на подиумот.

20 годишниот возач вели дека е задоволен од почетокот на сезоната и дека со нетрпение чека да се бори со најдобрите возачи кои се дел од овој спорт.

„Се уште не сум имал добра борба со возачи како што се Маркез или Роси и би сакал да имам нешто такво во следните трки“, изјави Куартараро.

„Треба да бидеме повеќе трпеливи за време на трките но исто така треба повеќе да внимавам на пневматиците. Сакам кога сум дел од голема група на возачи бидејќи така имам можност да научам многу работи.“

Quartararo MotoGP txt 15 07

Куартараро не се двоумеше на прашањето која му е најдобрата трка досега.

„Најдобра трка досега ми беше онаа која се возеше во Асен бидејќи можев да се борам со Маркез и Вињалес за место на подиумот“, изјави тој. „За жал имав голем болка после операцијата на раката и морав да внимавам. Но и покрај тоа успеав да се искачам на подиумот. Тоа беше нешто навистина специјално.“

„Најизненаден бев кога се најдов на првото место на трката во Асен. Одеднаш немаше ниту еден возач пред мене.“

Куартараро во моментов е на осмото место во генералниот пласман и има ист број на поени како и возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу. Тој има добра предност пред останатите дебитанти , Јоан Мир, кој се наоѓа на тринаесетата позиција, Мигел Оливеира кој е осумнаесети и Франческо Бањаиа кој се наоѓа на дваесет и првата позиција.

Back To Top