Според најновите гласини, тимот на KTM се подготвува да му понуди договор на возачот на Yamaha Tech 3, Пол Еспаргаро. 

Договорот би се однесувал на сезоната 2017, а можеби и за 2018. Доколку гласините се остварат, тогаш двајца возачи од сателитските тимови на Yamaha ќе преминат во Австрискиот тим.

Не е тајна дека помладиот од браќата Еспаргаро, кој премина во MotoGP пред две сезони, сака да обезбеди место во некој фабрички тим. Секако, тој се надеваше на местото на Хорхе Лоренцо, кој ќе премине во Ducati, но поради неговите просечни перформанси не му успеа тоа.

Директорот на Yamaha, Лин Џарвис изјави: „Не сметавме на Пол да биде наш фабрички возач. Не сметавме на него бидејќи неговите перформанси во изминатава сезона не беа задоволителни. Минатата година, Бредли беше пред Пол во шампионатот. Тоа беше разочарувачка сезона. Оваа сезона ја започна добро, но сепак има големо заостанување од лидерите на секоја трка. Мислам дека Пол се уште треба да напредува и мислам дека со сегашниот мотоцикл треба да постигнува многу подобри резултати.“

ktm pol espergaro

„Дали би бил подобар во фабрички тим? Веројатно да, но само за малку. Се уште има слободно место во Tech 3 и тоа ќе биде достапно за него се додека тој не донесе одлука. Се надевам дека Пол ќе созрее како натпреварувач и во иднина ќе стане фабрички возач.“

Според ова, на Пол Еспаргаро се уште му стои отворена опцијата за Yamaha Tech 3, но тој можеби ќе си ја испроба среќата во фабрички тим, и покрај тоа што ќе биде нивна прва сезона и ќе настапуваат со комплетно нов мотоцикл.

Се уште не е познато каква е MotoGP машината на KTM. Од тимот велат дека таа е одлична. Во секој случај, на мотоциклот нема да му недостига моќност бидејќи од компанијата тврдат дека мотоциклот има повеќе од 270 коњски сили.

Како да се исконтролира оваа моќ е следната задача на инжињерите на KTM. Минатата трка видовме како поради мал проблем може да се изгуби. Хорхе Лоренцо го претекна Марк Маркез во близина на стартот само поради тоа што Honda имаше мал проблем.

Се чини дека Пол Еспаргаро ќе мора да избере меѓу мотоциклот и тимот што веќе ги знае или да премине во нешто непознато, односно во тимот на KTM. Доколку премине во Австрискиот тим, барем покрај себе ќе го има својот поранешен тимски колега.

Back To Top