(Време на читање: 2 - 4 минути)


Кал Кратчлоу имаше уште еден тежок ден откако заврши на седумнаесетата позиција на тестот во Катар. „Мислам дека не чека многу работа за да можеме да се бориме за победа уште на првата трка.“

Кал Кратчлоу вели дека не е премногу загрижен од резултатот кој го постигна на последниот MotoGP тест но признава дека тимот го чека уште многу работа за да може да биде компетитивен на првата трка од новата сезона.

Англичанецот се соочи со голем број на проблеми во текот на трите дена тестови. Покрај тоа што на патеката во Катар HRC тестираше голем број на нови работи, Кратчлоу се соочи со проблеми и на предниот дел од мотоциклот.

Crutchlow Txt 1 28 02

Лошите временски услови на патеката во понеделникот комбинирани со промените на сетапот како и падот во последниот свиок, го примораа 33 годишниот возач да извози само 39 кругови. Иако седумнаесетата позиција не е идеална, сепак резултатот кој го постигна Кратчлоу беше за само 1.039 секунди побавно од времето на Маверик Вињалес.

„Имавме тежок ден но се чувствувам многу подобро отколку што покажуваат самите резултати“, изјави Кратчлоу. „Во текот на целиот ден користевме еден сет на пневматици. Започнав со еден пар на користени гуми а потоа ги заменив со пневматици со средна цврстина. Воопшто не ги користев меките пневматици. Затоа не сум загрижен поради резултатот.“

„Посветив повеќе внимание на мотоциклот но бевме ограничени бидејќи имав само еден мотоцикл. Се чувствував навистина добро кога се појавив на патеката и на тимот му дадов неколку навистина важни информации. Но за жал паднав во последниот свиок. “

„Мислам дека пред нас имаме уште многу работа доколку сакаме да бидеме на исто ниво со останатите тимови. Марк е во малку подобра позиција од нас но за трите денови кои ги поминавме во тестирање, тој имаше два мотоцикли. “

„Не бев дел од тестовите во Херез и се уште немам добро чувство со предниот дел на мотоциклот. Далеку сум од формата со која настапив тука минатата година но и покрај резултатот кој го постигнав, се чувствувам многу посамоуверено. Со нетрпение чекам да почне трката.“

Проблемите на Кратчлоу преставуваат изненадување со оглед на настапот кој го имаше во Сепанг на почетокот на февруари, кој беше негов прв настап по минатогодишниот слободен тренинг кој се оддржа на Австралиската Гран При патека.

Кратчлоу вели дека чувството на мотоциклот е добро но дека пред првата трка, неколку работи на 2019 RC213V треба да се подобрат.

„Се чувствувам добро“, изјави Кратчлоу. „Но сепак мислам дека има уште работи кои треба да се подобрат на мотоциклот. Едноставно е. Сега ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека и Марк не е 100 проценти подготвен но тој сепак е компетитивен и брз.“

„Информациите кои ќе ги обезбеди Хорхе ќе бидат различни бидејќи тој настапува со поинаква машина. Имаме различни очекувања од машините. Тој врши одлична работа и обезбедува квалитетни информации кои се клучни за подобрување на целокупниот пакет.“

„Ќе видиме за неколку недели како ќе се одвиваат работите. Искрено, мислам дека сезоната ќе се одвива навистина добро. “

Crutchlow Txt 2 28 02

Една од последиците од тешката повреда која ја доживеа на патеката на Филип Ајленд, имаше седумнаесет фрактури на зглобот, е нелагодноста кога ја притиска задната сопирачка.

„Искрено, во Малезија се чувсвував многу подобро. Но мораме да ги погледнеме и позитивните работи.“

„Мислев дека ќе можам лесно да ја користам задната сопирачка. Лесно ја притискам но проблемот настанува кога ја отпуштам. Не можам целосно да го кренам стапалото. Поради ова, опсегот на движење не ми е премногу добар но ајде да видиме каква ќе биде ситуацијата за две недели.“

Во однос на целите за сезоната 2019, победникот на три Гран При трки додава: „Во моментов не можам ништо да кажам. Секако дека сакам да победам и да се борам за титулата но засега работите не изгледаат премногу добро. Во моментов има неколку други возачи кои имаат подобар ритам од нас. Минатата година на трката која се возеше во Катар имав добро темпо. Едно нешто е сигурно а тоа е дека не сум загрижен.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: