Марк Маркез вели дека главен фактор за успех на втората трка од MotoGP шампионатот која ќе се оддржи овој викенд во Аргентина е издржливоста на гумите. Откако не успеа да се најде на подиумот после првата трка од шампионатот, Маркез сега има за цел да се вмеша во борбата за првото место.

На минатата трка тој заврши на четвротото место и беше далеку од борбата меѓу Вињалес, Довициозо и Роси. Се надева дека на оваа трка ќе биде далеку поуспешен.

markez kk

„Трката во Катар беше тешка но сепак имавме напредок. Сега ќе видиме дали тоа ќе ни се исплати. “

„Мора да се внимава на квалитетот на пневматиците. Исто така ќе се обидеме и да го подобриме сетапот на мотоциклот. Со нетрпение чекам да се борам за првото место пред моите фанови во Аргентина.“

Сепак, неговиот тимски колега Дани Педроса, кој трката во Катар ја заврши на петото место, вели дека претстојниот викенд можеби нема да биде лесен за нив бидејќи тимот се уште не ја тестирал новата конфигурација на мотоциклот на таа патека.

„Остануваме позитивни после првата трка која беше навистина чудна поради се што се случи пред почетокот на трката. Трката во Аргентина ќе ја започнеме речиси со истиот сетап, секако само со мали прилагодувања. Во петок ќе видиме до каде ни е напредокот.“

„Тешко е да се предвиди пред да се излезе на патеката бидејќи не знаеме какви се условите на патеката и како функционираат пневматиците. Но со нетрпение ја очекуваме трката. Обично, асфалтот таму е многу валкан и брзо го оштетува пневматиците. Ќе дадеме се од нас за да постигнеме добар резултат.“

Back To Top