(Време на читање: 1 - 2 минути)


Хорхе Мартин ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман во MotoGP шампионатот, откако победи на спринт трката за Големата награда на Австрија, искористувајќи го падот на Педро Акоста во завршницата.

Мартин, кој стартуваше од пол-позицијата, во моментов има три поени предност пред својот главен ривал за титулата, Марк Маркез, кој на патеката „Ред Бул Ринг“ ја мина целта како второпласиран.

gng_1345907_hires

Трката, која се возеше 14 круга, донесе многу возбудувања уште од самиот почеток. Мартин имаше турбулентен старт откако во вториот свиок беше принуден да излезе надвор од патеката по агресивниот маневар на Марк Маркез, што го фрли на осмото место. Во меѓувреме, Педро Акоста ја презеде контролата и изгради солидна предност пред останатите, додека Мартин започна со пробивање низ поредокот, и покрај предупредувањето за пречекорување на границите на патеката.

Хорхе Мартин води на стартот на спринт трката на Ред Бул Ринг 2026Хорхе Мартин води на стартот на спринт трката на Ред Бул Ринг 2026

До осмиот круг, Мартин успеа да се врати во борбата за подиумот, откако го престигна својот колега од Aprilia, Марко Бецеки, за третото место, а потоа со маневар ист како оној во кој ја загуби водечката позиција во првиот свиок, го помина и Маркез за втората позиција. Сепак, клучниот момент се случи во 12-тиот круг, кога Акоста направи грешка во вториот свиок и падна од водечката позиција. Иако младиот возач на KTM се обиде да се врати на патеката, во последниот круг сепак се повлече во боксот.

Хорхе Мартин, MotoGP Голема награда на Австрија 2026Хорхе Мартин, MotoGP Голема награда на Австрија 2026

Подиумот го комплетираше Марко Бецеки, додека четвртото место му припадна на Аи Огура од Trackhouse Aprilia. Зад него, Алекс Маркез заврши како петти, пред Пеко Бањаја. Јохан Зарко со LCR Honda го освои седмото место, а последните поени им припаднаа на Фермин Алдегер и Бред Биндер. Единствениот друг возач кој не ја заврши трката поради пад беше Франко Морбидели.

Во генералниот пласман сега Мартин има 286 поени, 3 повеќе од Маркез, а Бецеки е на третата позиција со 38 поени негатива од водечкиот. Утрешната главна трка започнува во 14 часот по наше време.

Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: