Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.
Гран При комисијата до јуни ја одложи задолжителната употреба на FIM хомологациските кациги за сите возачи со цел да им даде дополнително време на производителите. Минатата година FIM соопшти дека почнувајќи од 2019 година, сите возачи ќе мораат да настапат со вакви кациги. Сепак, новото правило е одложено до јуни за да може тие дополнително да се тестираат.

Како резултат на ова, Гран При возачите (MotoGP, Moto2 and Moto3) како и оние кои се дел од Супербајк шампионатот до 2-ри јуни ќе можат да ги користат ECE, Snell, JIS и FRHPhe-01 кацигите. Новите правила ќе стапат на сила од 3-ти јуни.
Одложена е и втората фаза од примената на хомологациската кацига. „Засега не можеме да дадеме потврда се додека тие не стигнат во лабораториите заедно со неопходните документи. Очекуваме тоа да се случи пред крајот на февруари“ , се наведува во соопштението кое го испратија од FIM.

Коментари