MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

Исто како и во случајот со Yamaha, мотоциклот кој беше претставен е од минатата сезона но со променета шара. Но сепак настанот ни даде можност за прв пат да го видиме Хорхе Лоренцо во боите на Ducati. Исто така имавме и можност да слушнеме што мисли шампионот од 2015 година за својот нов дом.

2017 Ducati Desmosedici GP Ducati Corse MotoGP Team Launch 37

Поголем дел од настанот беше посветен на соработката која ја има внатре во тимот на Ducati. Лоренцо вели дека верува во својот нов тим и неколкупати повтори дека има одлична соработка со своите колеги од тимот. Ова е интересно да се слушне со оглед на тоа во каква ситуација беше минатата сезоона.

Ducati очекува да постигне одлични резултати оваа сезона па затоа многу сериозно си ја сватија работата. Од таа причина не очекувајте дека ќе го видите новиот аеродинамичен пакет се до првата сесија на Гран При трката во Катар. Дотогаш уживајте во фотографиите од Ducati Desmosedici GP. 

Back To Top