(Време на читање: 1 минута)

Марк Маркез стигна до победа на влажната трка во Мисано и ја направи борбата за титулата уште поинтересна. Во последниот круг тој успеа да го претекне Данило Петручи и се изедначи со бројот на бодови со Андреа Довициозо кој трката ја заврши на третото место.

691755

Хорхе Лоренцо, кој беше лидер на почетокот на трката и кој се чинеше недостижен, направи грешка и му овозможи на Петручи да го преземе водството, позиција која ја чуваше се до последниот круг.

Маверик Вињалес остана во борбата за титулата откако го освои четвртото место, а на петата и шестата позиција завршија тест возачот на Ducati, Микеле Пиро и Џек Милер. На седмото и осмото место завршија возачите на Pramac Ducati и Suzuki, Скот Рединг односно Алекс Ринс, а Јонас Фолгер и Бредли Смит ги заокружија првите десет места.

Трката предвреме ја завршија Сем Ловс, Абрахам, Баз, Барбера, Еспаргаро, Рабат и Зарко.

markez germanija

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: