MotoGP

Дукати го претстави моторот за 2018

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Следете нè на:

 

Во фабриката на Дукати во Болоња денеска Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо го претставија новиот Ducati Demosedici GP со кој ќе се натпреваруваат оваа сезона.

duc003

Традиционалната црвена и бела комбинација оваа сезона ќе биде заменета со црвена и сива, бои кои мора да признаеме дека одлично му прилегаат на новото Дукати.

Презентацијата на новиот мотор се одржа во Борго Панигале пред присутните спонзори и членови на тимот. Иако се работи само за субтилни промени на мотоциклот сепак вузелните промени и новата боја му даваат уште по агресивен изглед на Дукатито.

duc002

Сепак ова нема да биде конечниот изглед на мотоциклот, ќе има нов аеродинамичен пакет кој ќе ги замени прикажаните крилца, а боите ќе останат исти. Аеро динамиката ќе биде тестирана на пред сезонските тестови или на патеките во Малезија или Тајланд на почетокот од следниот месец по што ќе се добие конечниот лик на мотоциклот.

duc004

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Првата трка од новиот MotoE шампионат, која требаше да се вози во Херез на почетокот на мај, можеби нема да се одржи.

Сега имате можност да станете сопственик на уникатна машина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.