MotoGP

Довициозо: Шасијата на мотоциклот е поинаква

И покрај тоа што само еднаш ја тестираше новата шасија, Андреа Довициозо вели дека е среќен бидејќи Ducati навистина е фокусиран на подобрување на Desmosedici.

Следете нè на:

И покрај тоа што само еднаш ја тестираше новата шасија, Андреа Довициозо вели дека е среќен бидејќи Ducati навистина е фокусиран на подобрување на Desmosedici.

По завршувањето на речиси секоја сезона, се појавува надеж кај возачите. За Андреа Довициозо, новата шасија која ја тестираше во вторникот ветува многу а Италијанецот вели дека има разлика со онаа која ја користел во минатото.

Во јули, Довициозо побара од првите луѓе на Ducati да ги решат проблемите со вртењето кои ги има Desmosedici. Како што велат, ова ги спречувало да постигнат подобри резултати на трките во Асен и Заксенринг.

Иако не ја проба новата шасија на патеката во Валенсија, Довициозо вели дека навистина е среќен поради фокусираноста на тимот.

„Денеска испробавме неколку нови работи“, вели Италијанецот. „Мораме само да финализираме некои работи. Вчера испробавме една нешто а денеска посветивме внимание на друго.“

„Мораме добро да го подготвиме мотоциклот за следната сезона. Времето кое го постигнавме не ни беше толку важно.“

„Се надевам дека условите на патеката ќе бидат добри бидејќи тоа е многу важно. Мислам дека тимот вложи голем напор во шасијата која ја донесе тука. Навистина сум среќен поради тоа.“

 DSC4191

Во однос на новите аеродинамични додатоци, Довициозо вели дека е задоволен од нив. „Долго време барав нешто такво и навистина сум среќен поради тоа. Задоволен сум од тоа како работиме во моментов. Целиот тим е навистина фокусиран.“

Во однос на пристапот кој го имаше на тренингот, Италијанецот вели: „Вчера ја споредувавме шасијата и уште неколку други работи. Тоа беше навистина важно. Денеска посветивме внимание на неколку помали работи.“

„Но и тие се важни, особено кога сте фабрички тим. Морате да сметате на сите работи, не само на шасијата. Многу време морате да посветите на споредување на работите, да одлучите што е добро а што не.“

„Но ова не ви ја дава целата слика. Морате да ги користите и вистинските пневматици за да ја видите разликата. Но тоа значи да сте дел од некоја фабричка екипа.“

Поради повреда на рамото, Данило Петручи не се појави на патеката. На негово место со мотоциклот за сезоната 2020 година се појави Џек Милер.

Дали Довициозо го цени инпутот на Милер? „Секогаш е добро кога имате талентиран возач во вашиот тим. Неговиот стил е поразличен од мојот. Но тој беше навистина брз и затоа сметам дека ќе ни користи секоја информација која ќе ја добиеме од него.“

Во однос на можноста Јохан Зарко да настапи за Avintia Ducati во сезоната 2020, Довициозо додаде: „Секогаш е добро кога талентиртан возач настапува со истиот мотоцикл. Особено кога тоа е Јохан, кој во изминативе две години настапи со три мотоцикли. Тоа е навистина позитивно.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Благодарение на Мото Азуро имавме прилика да го провозиме новиот Yamaha Tenere 700 и да уживаме во карактеристиките на овој специфичен модел.

Иако МотоГП шампионатот сè уште не е започнат, падокот врие од новостите кои пристигнаа деновива.

Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија за 2020 година ќе се вози на 21-ви јуни во Велес.

Конечно добри вести за љубителите на МотоГП, денеска беше објавен официјалниот календар според кој сезоната конечно ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез.

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.