Dorna уште еднаш повтори дека Suzuki може да се врати во MotoGP, но тие нема да ги молат да го направат тоа.

2014-Suzuki-MotoGP-Prototype 001-800x481

Dorna уште еднаш повтори дека Suzuki може да се врати во MotoGP, но тие нема да ги молат да го направат тоа.

Сузуки излезе од MotoGP на крајот на 2011 година со ветување дека ќе се врати во 2014. Досега тие покажаа интерес за враќање но под одредени услови, да се вратат само за една сезона и да видат дали се конкурентни, и да не го користат ECU системоткој ќе биде задолжителен во 2014 година. Dorna не се согласува со овие барања.

Претставниците на Suzuki беа во Сепанг во средата да разговараат околу можноста за нивно враќање. Извршниот директор за настани на Dorna, Хавиер Алонсо, во интервјуто за motogp.com ги потврди разговорите. “Тие не посетија, разгледуваат, а ние им нудиме можност да тестираат кога тие ќе бидат подготвени. Ова е тоа што го проучуваат сега, кои се можностите и како тие сакаат да продолжат понатаму со својата програма”.

Дали Suzuki ќе одлучи да се врати после овој состанок останува да видиме.

“Сеуште размислуваат околу нивната одлука, и мислам дека ќе имаат важни состаноци после ова...нашата врата е отворена за нив”, додаде Алонсо.

Сепак доколку Suzuki реши да се врати, тие ќе мора да се придржуваат до зацртаните правила, поради пополнетиот број на тимови. “Бројот на тимови е пополнет и секако дека ние имаме договор со тимовите кои се со нас сега. Тие и понатаму ќе го задржат правото да бидат тука. Затоа, доколку сите сакаат да продолжат, а Suzuki сака да се врати, тие ќе мора да постигнат договор со еден од тие тимови”, додаде Алонсо.

Според гласините, тимот на Хорхе Мартинез, Aspar, ќе ги подржи обидите за враќање на Suzuki. Се зборува дека нивниот возач Ренди де Пуние е многу блиску до потпишување на договор со тимот, секако со дозвола од Aspar.

Back To Top