Дани Педроса доживеа фрактура на зглобот после падот кој го имаше во првиот круг на трката во Аргентина, а како последица на тоа, тој мораше веднаш да замине на операција која беше извршена во Барселона.

Операцијата во која му беа вметнати титаниумски штрафови беше извршена во Универзитетската болница во Барселона од страна на др. Хавиер Мир и неговиот тим од Каталонскиот институт за Трауматологија и Спортска медицина.

1523217524 081913 1523217826 noticia normal

Падот на Педроса предизвика многу контроверзи. Возачот на Repsol Honda излета во свиокот број тринаесет откако беше истуркан надвор од патеката од страна на Јохан Зарко. Кога се обиде да притисне на гаста и да се врати, тој падна директно на раката. Директорите на трката проценија дека се работи за тркачки инцидент и не му доделија никаква казна на Зарко.

На почеток се чинеше дека Педроса нема никаква повреда иако се жалеше на болки во десниот зглоб. Но деталните прегледи покажаа дека станува збор за фрактура.

Засега не е познато колку време ќе трае рехабилитацијата и колку долго ќе отсуствува од трките, ако воопшто и дојде до такво нешто. Сепак од тимот велат дека сѐ уште не е одлучено дали тој ќе настапи на трката во Тексас за две недели.

Во моментов Honda има двајца поранешни Гран При возачи кои тестираат за тимот, Хироши Аојама и Штефан Брадл. Ако Педроса пропушти една или повеќе трки, еден од овие двајца возачи ќе го заземе неговото место.

Back To Top