Мотоцикли

Откријте го рели концептот на Honda наречен CRF450L

Honda ги израдува своите оф роуд фанови со еден нов концепт на мотоцикл, CRF450L Rally, кој за прв пат беше претставен на EICMA мото шоуто во Милано на почетокот на месецов. Веднаш потоа тој се појави и на Motorcycle Live во Бирмингем.

Следете нè на:

 

И покрај тоа што очигледно беше еден од најпопуларните мотоцикли на Honda кои беа прикажани, Јапонската компанија не сакаше да открие ништо за овој модел. Не беше соопштено какви спецификации ќе има мотоциклот ниту пак кога ќе се најде на пазарот.

Оф роуд експертот на MCN, Мајкл Гај, го виде моделот кој беше претставен на Motorcycle Live и изјави: „Тој користи рамка која изгледа иста како кај CRF450R и CRF450L кој беше претставен на почеток на годината. Рели концептот ќе има два резервоари кои ќе собираат вкупно 18 литри гориво.“

Доколку го споредите со CRF450L, овој модел можеби и нема да можете да го сметате како машина со која ќе се натпреварувате на долги патеки.

crf 450 concept12

„За разлика од нивниот Дакар модел, кој има два дополнителни резервоари за гориво, кај оваа машина, на местото каде што вообичаено се наоѓа резервоарот, сега се наоѓа просторот во кој што ќе можете да го чувате алатот. Издувот е ист како и кај Дакар верзијата.“

„Исто така се чини и дека има „Sentinel“ систем како и голем TFT екран. Овие работи укажуваат на тоа дека станува збор за рели мотоцикл. Сепак, ретровизорот, трепкачите и свирката велат дека овој мотоцикл би можел да се вози и на улица.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.