Кавасаки го претстави новиот модел од гамата на крузери за 2015 година наречен Kawasaki Vulcan S.

Vulcan-s-17

Кавасаки го претстави новиот модел од гамата на крузери за 2015 година наречен Kawasaki Vulcan S.

Главна карактеристика на новиот Kawasaki Vulcan S модел е спортскиот изглед и можноста за адаптирање според висината на различните возачи. Ова е постигнато благодарение на можност за вградување на различно седиште, ногарки кои се подесуваат нанапред и наназад, како и рачки во зависност од желбата на купувачот кои можат да бидат стандардни, пократки или подолги. Разликата од другити производители кои нудат кастмизирање на додатоците според желбата на купувачите е тоа што Кавасаки за овој модел адаптацијата ќе ја прави бесплатно, откако возачот ќе го нарача моторот.

Агрегатот кој го придвижува новиот крузер е паралелен твин мотор со зафатнина од 649цм3 со водено ладење, произлезен од моторот кој се вградува во Ninja 650, што гарантира одлично забрзување и мазно возење при низок вртежен момент.Вулканот доаѓа со Digital Fuel Injection (DFI) систем кој овозможува брз одговор при навртување на рачката за гас, моторот од фабрика доаѓа со 6 степен менувач, а за кочење се задолжени преден диск со дијаметар од 300мм и 250мм заден диск.

Шасијата на новиот Вулкан има низок центар на гравитација, и со тежина од 223кг е најлесен крузер во својот сегмент, со што е одличен за возење како од страна на искусни моторџии, така и за почетници кои нема да имаат проблем со управувањето на моторот. 

Препорачаната цена на новиот модел е 6000 евра, а за доплата од 350 евра ќе може да се купи моделот со ABS. Секако ова е препорачана цена која може да варира за нашиот пазар, а повеќе детали ќе имаме по саемот за мотори во Милано кој започнува идниот месец.

Back To Top