Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Компанијата го одбра главниот град на Франција, Париз да биде домаќин на претставувањето на нивниот нов скутер на три тркала. Ова е логична одлука со оглед на тоа дека речиси 60 проценти од продажбата на овие скутери е во Франција. Воопшто не зголемуваме кога велиме дека Французите го обожуваат овие скутери.

piaggiomp3 770x433

Веќе сме запознаени со моделот 500. Овој пат тој доби значителни подобрувања, меѓу кои се променетиот дизајн, ново седиште, нов потпирач и држачи за сопатникот.

Перформансите исто така се подобрени. MP3 500 има 493cc, едно-цилиндричен мотор кој според компанијата има за 14 проценти поголем моќност во споредба со неговиот претходник. Тој исто така има и подобра потрошувачка на гориво.

Во Европа, MP3 500 го има во Бизнис и Спортска верзија. Бизнис моделот има Tom Tom навигација како и хромирани, сиви елементи. Спортската верзија која е достапна во САД има предни диск сопирачки и задна суспензија.

0 Well laid out Cockpit of the MP3 500

Жителите на САД нема да имаат можност да го видат новиот 350. Тој е опремен со едно-цилиндричен, четири тактен мотор кој има 30.6 коњски сили. Тој исто така ги има и сите оние додатоци кои го подобруваат возењето на сопатникот и кои ги има кај верзијата 500.

Сите верзии на MP3 имаат CVT како и ABS. 

Back To Top