Honda City Adventure концептот е подготвен за производство, според она што можеме да го видиме во новото видео на Honda.

Наречен Honda X-ADV, основната идеја е овој мотоцикл да биде комбинација на скутер со оф-роуд „ADV“ атрибути, како што се подолгата суспензија и спортските пневматици.

На видеото можеме да видиме скутер кој личи речиси идентично на Honda City Adventure концептот. На видеото исто така се споменува датата 30ти август и можеме да бидеме сигурни дека Honda тогаш ќе го претстави овој авантуристички скутер.

Honda City Adventure Concept EICMA 05

Самата идеја за авантуристички скутер е помалку чудна, но од Honda сакаат да комбинираат различни сегменти при креирањето на нови машини. Можеби и не треба да бидеме толку изненадени.

Нас не интересира во кои земји од развиениот свет овој скутер ќе биде од најголема корист? Или пак тоа ќе биде во земјите од развој каде сите патишта не се асфалтирани.

Honda City Adventure Concept EICMA 04

Наводно, Honda X-ADV го има истиот 745cc мотор кој го има и NC750X, што значи дека новиот скутер ќе биде навистина моќен.

Back To Top