Наближува претставувањето на сериската верзија на  2016 Honda CBR250RR.  Неодамна на интернет се појави видео на кое можат да се видат високите перформанси на овој мотоцикл.

Наближува претставувањето на сериската верзија на  2016 Honda CBR250RR.  Неодамна на интернет се појави видео на кое можат да се видат високите перформанси на овој мотоцикл. Видеото е направено од претставници на Honda за Индонезија и се чини дека мотоциклот ќе се појави на пазарот до крајот на оваа година.

2016 honda cbr250rr teased in indonesia 109365 1

Не може да се дознаат многу информации за мотоциклот, но од она што можеме да го видиме, неговата предна сопирачка ќе биде со еден диск, ќе има LED предни и задни светла како и ABS.

Во однос на конкурентите, KTM RC250, Yamaha YZF-R25 и Kawasaki Ninja 250, новиот 250cc мотор на CBR250RR би требало да постигне помеѓу 30 и 37 коњски сили.

Со оглед на тоа што моделот ќе се продава и во Европа и Северна Америка, од Honda ќе мора да пронајдат начин да ја зголемат неговата моќност за да биде конкурентен на Yamaha R3, KTM RC390 или Kawasaki Ninja 300.

Новиот CBR250RR ќе има неколку додатоци меѓу кои и USD предна суспензија, заден моно – шок, а кај неколку модели би можело да има и сетинзи за контрола на тракцијата.

Со оглед на сите овие додатоци, неговиот интересен изглед и малата цена, веруваме дека овој мотоцикл ќе им се допадне на возачите.

Back To Top