Motul Onirika 2853 концептот е направен врз основа на друг Италијански спортски мотоцикл, MV Agusta Brutale 800.

Уште една интересна работа од мото шоуто во Верона. Motul Onirika 2853 концептот е направен врз основа на друг Италијански спортски мотоцикл, MV Agusta Brutale 800. Нарачан од француската компанија Motul, овој мотоцикл е дизајниран и направен од Лука Поцато. Името Onirika 2853, се однесува на замислата како би изгледал брендот Motul, еден милениум по неговото создавање (1853). 

Motul Onirika 2853 Concept 03

Но да се вратиме на мотоциклот. Се што остана од оригиналната верзија е 798cc, три цилиндричниот мотор на Brutale, како и неговата рамка и вилушка. Градејќи врз основа на таа платформа, Поцато го трансформираше топлиот и стилски мотоцикл во нешто што не е типично за фабриката од Варезе. Нешто што е многу поладно во дизајнот.

Деталите како што се металното седиште и бандажите што изгледаат како дискови го надополнуваат неговиот дизајн. Резервоарот за гориво како и задниот дел имаат црно бел дизајн. Тоа му дава урбано чувство на концептот. Округлите светла на Brutale се заменети со две интересни светла, едните се кратки, а другите долги.  Со црвена боја е напишано логото на Motul.

Интересна машина. Motul Onirika 2853 ќе се најде на аукција во текот на оваа година со цел да се соберат пари за Motul Corazón, непрофитна организација која им помага на сиромашните деца. 

Motul Onirika 2853 Concept 01

Back To Top