Станува збор за Mission RS и R, долго очекуваниот електричен мотоцикл кој има напредна технологија, футуристички дизајн, врвна суспензија и најнов електричен мотор.

big mission-motorcycles-rs-1

Станува збор за Mission RS и R, долго очекуваниот електричен мотоцикл кој има напредна технологија, футуристички дизајн, врвна суспензија и најнов електричен мотор.

„Редефинирањето на брзина на две тркала започнува сега.” Уште еднаш Mission Motorcycles одбраа храбар слоган за да го претстават пред светот она што тие го опишуваат како „најнапредниот супербајк мотоцикл некогаш произведен и кој има нула емисии.” Станува збор за Mission RS и R, долго очекуваниот електричен мотоцикл кој има напредна технологија, футуристички дизајн, врвна суспензија и најнов електричен мотор. Еве ги првите официјални слики и детали за мотоциклите.

Mission RS е замислен да биде еден вид на улична верзија на прототипот кој ја уништи конкуренцијата во Лагуна Сека на неодамнешната FIM/TTXGP трка (имаше околу 40 секунди пред второто место), а исто така постави и нов рекорд за електричните мотоцикли: 1,31,3. Тој е опремен со Öhlins FGRT, тркала изработени од јаглеродни влакна и батерија со која можете да поминете приближно 224 километри. Mission R ќе има  RT Öhlins суспензија, алуминиумски тркала и три вида на батерии: 12 kWh, 15 kWh и 17 kW кои овозможуваат да поминете 168, 192 и 224 километри.

Mission R и RS имаат рамка дизајнирана од Џејмс Паркер и се движат со помош на InfiniteDrive електричен мотор кој има 163ks и преку 160Nm. Овој мотор овозможува и двата мотоцикли да постигнат брзина од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди и да достигнат најголема брзина од 240 км/ч. Сепак нивната цена ги прави многу ексклузивни машини. Од моделот RS ќе бидат произведени само 40 мотоцикли и секој ќе има цена од 50.000 евра. Моделот R ќе чини 25.000 евра.

Back To Top