Мотоцикли

Новитет: Kymco XCITING 400i ABS

На саемот „EICMA“ во Милано, Кимко имаше еден од по претставителните штандови. Освен прекрасните девојки кои имаа подготвено и одлична кореографија, нашето внимание го привлече претставувањето на неколку нови модели.

Следете нè на:

 

Kymco-Xciting-400i-1Новиот модел од Кимко импресионира и со изгледот и со карактеристиките

На саемот „EICMA“ во Милано, Кимко имаше еден од по претставителните штандови. Освен прекрасните девојки кои имаа подготвено и одлична кореографија, нашето внимание го привлече претставувањето на неколку нови модели.

Првиот со кој имавме прилика одблиску да се запознаеме беше Kymco XCITING 400i ABS. За 2014 година акцентот на надградби на моделот по кој е препознатлив Кимко е ставен на безбедноста. Новиот систем за кочење не е стандарден ABS, туку BOSCH Anti-lock Brake System (ABS), благодарение на кој е зголемена стабилноста при кочење и безбедноста, посебно на земја или правлив асвалт.

Кимко ова го прави пред се заради истражувањето од 2009-та според кое користењето на ABS систем за кочење ги намалува шансите за помала незгода за 38% и за поголема незгода за цели 48%. ABS системот помага за контрола на ротацијата и силата на кочењето, притоа спречувајќи тркалот да пролизга или да се блокира. Освен тоа системот значајно ја намалува и дистанцата за запирање.

Освен безбедноста новиот модел доаѓа со EFI агрегат со зафатнина од 399цц кој развива 35кс. Од Кимко го пофалија новиот модел и заради подобрената стабилност како и намалените вибрации при возењето. 

Околу дизјанот нема потреба да говориме, Кимко и до сега важеше за еден од нај убавите скутери на пазарот, а XCITING 400i само го потврдува тоа. Од другите технички карактеристики, важна е тежината на скутерот која изнесува 205кг, потоа тука се телескопските пушки, гумите со димензии 120/70-15 напред и 150/70-14 назад, како и резервоарот со капацитет од 12,5 литри.

Цената за Македонскиот пазар сеуште не е позната, но увозникот „Нов Модел“ од Куманово наскоро ќе го има во својот салон па ќе имате прилика и во живо да го погледнете ова прекрасно парче машинерија.

 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.