Засега е само графички концепт дизајниран околу моторот на KTM LC8, но од она што можеме да го видиме , веќе сме импресионирани.

big ktm-lc8-spiritoftheseventies-04

Засега е само графички концепт дизајниран околу моторот на KTM LC8, но од она што можеме да го видиме , веќе сме импресионирани.

Потекнува од Англија и е замисла на компанијата од Кент „Spirit of the Seventies“ која се прослави со производството на серија специјални мотоцикли базирани на различни машини и со прилично различни стилови: café racer, scrambler, flat traker.  Заедничко нешто на сите овие мотоцикли е тоа дека секој моторцикл мора да биде лојален на името на компанијата.

Кевин Тагарт и Тим Роџерс се луѓето кои стојат позади проектот. Двајцата пријатели и ко-сопственици на британската работилница ја делат истата страст за мотоцикли и дизајн а исто така и за онаа чудна вибрација која само мотоциклите од минатото можат да ја дадат.Тие секогаш имале современи мотоцикли, но во еден  момент тие одлучија да се препуштат на тоа чувство и почнаа да произведуваат специјални мотоцикли врз основа на технички модерни мотоцикли како Daytona 675, Scrambler и Bonneville од Triumph, 749R, Hypermotard 1100 GT и Sport Classic од Ducati како и Kawasaki W800.

Извонредната машина која можеме да ја видиме на сликите е нивниот следен проект. Кевин Тагарт во минатото бил сопственик на неколку KTM моделу вклучувајќи ги 950 SMR, 990 SM и 990 SDR и тој сигурно знае да се снајде со австрискиот мотор. За овој концепт го одбра агрегатот од LC8 со зафатнина од 1000 cc 75° V-twin со водено ладење. Ние мислиме дека ова е одлично и со нетрпение чекаме да биде готов. Ако сакате да дознаете повеќе за „Spirit Of The Seventies“ посетете ја нивната официјална интернет страна.

Back To Top