Верувале или не, лимитираната едиција на Honda NM4 Vultus пристигна во салонот на Хонда во Скопје, и може да биде ваша за само 10.990 евра.

honda-nm4-1

Верувале или не, лимитираната едиција на Honda NM4 Vultus пристигна во салонот на Хонда во Скопје, и може да биде ваша за само 10.990 евра.

Првиот поглед на новиот NM4 Vultus никого не остава рамнодушен, за многумина е моторот од иднината, за некои тоа е мотоцикл излезен од филм налик на Бетмен, а за некои пак воопшто не е предизвик, но она што е сигурно е дека NM4 не е мотоцикл кој секојдневно го гледате на улиците.

Увозникот на Хонда за Македонија, Макпетрол, во својот салон го изложи моделот Honda NM4 Vultus, лимитирана едиција која е придвижувана од агрегат со зафатнина од 745цм3, со 8 вентили кој развива 54кс. Карактеристично за овој агрегат кој всушност е паралелен твин мотор е дека звучи и се однесува како в-твин мотор заради поставеноста на радилицата. 

Футуристичкиот модел чие име и кажува дека се работи за несекојдневен мотор (NM = New Model) содржи технологија на која ќе и позавиди конкуренцијата. Од фабрика моторот доаѓа со DCT (Двојна трансмисија, автоматска и мануелна со 6 степен пренос), комбиниран систем на кочење (C-ABS), задно седиште кое веднаш се претвора во потпора за возачот доколку немате сопатник, прегради за багаж на предниот дел од моторот, дисплеј со ЛЕД технологија во 25 бои..

Дисплејот на моторот ја менува бојата во зависност од модот кој е одбран за возење, па така инструмент таблата може да ви биде бела (мануелен мод, најчесто се користи), сина (автоматски мод, погоден за возење во град), розева (автоматски мод, спортски, погоден за возење низ град и на отворено) и црвена (мануелен спортски мод), на која дополнително можете да одберете тонирање од останатите бои за вкупно 25 различни нијанси и бои на дисплејот. Менувачот е напреден до тој степен да без разлика во кој мод возите системот ви овозможува мануелна интервенција па така доколку возите во автоматски мод можете рачно да ги менувате брзините, или доколку возите во мануелен мод, компјутерот по извесно смирено возење се префрлува на автоматски мод со цел да заштеди гориво.

Седењето на Vultus е специфично, нозете се напред, исто како и рачките, но затоа пак седиштето е ниско поставено, на само 65цм, па нискиот визир кој е веднаш забележлив е сосема на место. За предницата се грижат телескопски вилушки со дебелина од 43мм, задниот дел го држи моно амортизер но впечатливи се и фелните со димензии од 18 инчи за предната и 17-ка за задната на која одлично и лежи гума со дебелина од 200мм.

Новиот модел е веќе изложен во салонот на Хонда во Скопје, на бул. Илинденска каде може да се погледне и да се добијат повеќе информации за него, а се продава за цена од 10.990 евра.

Back To Top