Мотоцикли

Harley најави нови мотоцикли за сезоната 2020

Harley-Davidson само што ги најави моделите за сезоната 2020.

Следете нè на:

 

Harley-Davidson само што ги најави моделите за сезоната 2020.

Harley-Davidson само што ги најави моделите за сезоната 2020. Меѓу нив ќе биде и Harley-Davidson LiveWire, првиот обид на компанијата да влезе на пазарот со електрични мотоцикли. Покрај него ќе има уште неколку нови модели.

Она што вреди да се напомене е дека Reflex Brembo ABS системот кој досега беше само опција кај некои туринг модели, во 2020 година ќе го има кај сите туринг мотоцикли. Тоа е добра вест доколку планирате да купите ваков мотоцикл, бидејќи како што веќе имаме зборувано, вреди да се има ABS системот.

Сега нешто повеќе во однос на новите модели. Според Harley,фокусот кај  новиот Low Rider S е на перформансите и управувањето. Тој е опремен со Milwaukee-Eight 114 моторот како и со Softail шасија.

Во 2020 година, Road Glide Limited ќе го замени Road Glide Ultra. Мотоциклот е достапен во црна боја. Со истата боја е и 2020 Ultra Limited верзијата.

2020 harley davidson cvo tri glide txt 21 08

Доколку пак сакате трицикл, тогаш ќе ве израдува информацијата дека компанијата во 2020 година ќе пушти на пазарот  и лимитирана верзија на CVO Tri Glide. Тој ќе го има Milwaukee-Eight 117, моторот кој е срцето на сите CVO модели.

На крајот, доколку сакате нешто светкаво и хромирано, тогаш за вас е Heritage Classic.  Од компанијата велат дека механизмот е идентичен како кај актуелната верзија и дека е различен само изгледот.  Доколку пак сакате нешто поинакво, тука е Heritage Classic 114. За сите оние кои планирате во 2020 година да купите Heritage Classic, има четири избори на бои: Vivid Black, Billiard Burgundy, Silver Pine/Spruce и Billiard Red/Vivid Black.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Мотоциклистичката федерација на Македонија го објави календарот на трки за 2020 година.

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Објавена е конечната верзија на календарот за MotoGP сезоната 2020

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е нов дилер на брендот Кавасаки за Македонија.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.