(Време на читање: 1 минута)


MV Agusta ја претстави Луис Хамилтон верзијата на легендарниот мотоцикл MV Agusta F4.

Нашите пријатели од Motor.nl имаат една интересна информација за фановите на Италијанскиот бренд. MV Agusta ја претстави Луис Хамилтон верзијата на легендарниот мотоцикл MV Agusta F4. Како и MV Agusta Dragster RR кој исто така има име на возач од Формула 1 серијата, и кај овој модел се забележува фантастичниот надворешен изглед и врската меѓу Италијанската компанија и Британскиот возач.

mv agusta hamilton 4

Како што покажува и името на самиот мотоцикл, MV Agusta F4 RC се базира врз основа на врвниот, четири цилиндричен супербајк мотоцикл на MV Agusta. Шарите на мотоциклот се посилни додека пак механиката на мотоциклот останува непроменета.

Доколку на тоа го додадете и издувот од SC Project, на крајот добивате мотоцикл кој развива 212 коњски сили и кој е за 4 килограми полесен од оригиналната верзија. Наскоро очекувајте и повеќе детали за MV Agusta F4 RC.

Во меѓувреме, гласините дека Луис Хамилтон ќе настапи покрај Леон Камиер на следната трката од WSBK шампионатот се покажаа како неточни.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: