Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ducati годинава ја почнаа со навртки и чист метал. Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

За да го направат Ducati Diavel Diesel, двата бренда инспирација добија од пост апокалиптичен, ретро, свет. Резултатот од нивната соработка беше претставен за време на модната недела во Милано.

ducati and diesel reveal post apocalyptic diavel limited edition 16

„Соработката со Diesel ни овозможи да ги истражиме оригиналните стилски и технички аспекти но сепак и да останеме во рамките на брендот Ducati и да ги почитуваме неговите вредности, “ изјави извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали. „Во овој случај работевме со Diesel на веќе уникатен мотоцикл каков што е Diavel и резултатот беше одличен. За нас секогаш е стимулирачки кога излегуваме надвор од светот на мотоциклите и ги шириме областите на интерес на нашиот бренд.“

Што е толку специјално за Diavel? Можеме да почнеме со рамката која е направена од нерѓосувачки челик на кој можат да се видат спојките и навртките кои го прават овој мотоцикл уште по уникатен од оригиналот. Тука е и рачно изработеното, кожно, седиште. Меѓу останатите рачно изработени делови е и штитникот на резервоарот на кој исто така може да се видат навртките, црвена LCD табла како и кожно седиште за сопатникот.

За повеќе детали можете да ги погледнете сликите и видеото подолу. Се уште не се знае која е цената на овој мотоцикл, а од компанијата велат дека тој ќе биде произведен во само 666 примероци.

Back To Top