На еден ден пред почетокот на саемот „EICMA“ во Милано, Дукати го претстави новиот Panigale, 1199 Superleggera.

panigale-superleggera-1

На еден ден пред почетокот на саемот „EICMA“ во Милано, Дукати го претстави новиот Panigale, 1199 Superleggera.

На прес конференцијата на која имавме можност да присуствуваме, директорот на Дукати, г-н Клаудио Доменикали пред присутните го најави новото чудо од мотор од ергелата на Дукати. Новиот V-Twin агрегат е подобрен во однос на неговиот претходник во неколку полиња, а дека не станува збор за обичен мотор говори и фактот дека ќе биде произведен во само 500 примероци.

Моторот со зафатнина од 1199цц ќе развива повеќе од 200кс, но она што е импресивно е тежината на моторот, која со вклучено масло и вода во системот за ладење изнесува само 166кг! Ова се должи на целосната реконструкција на деловите од Панигале-то, па така на пример целиот заден рам е изработена од карбон и тежи само 900 грама (1.2кг помалку од онаа на Panigale 1199R). Меѓу работите кои се подобрени се новите вентили, олеснета радилица, клипови, карики, нов сензор за менувачот, па дури и нов филтер за воздух кој ја подобрува работата на моторот.

panigale-superleggera-2

Колку за илустрација, со новото Панигале е поставен нов рекорд на патеката Муџело во Италија за мотори кои излегуваат од фабрика. Новото време е за цели 4 (четири) секунди подобро од претходното.

Во продолжение на прес конференцијата Доменикали се осврна и на слабите резултати во МотоГП сезонава, но истакна дека е машки да се признае грешката и дека тие не го кријат тоа, туку напротив ги анализираат детално пропустите и работат на нивно отстранување. Тој потенцираше дека следната година со Крачлоу и Довициозо во тимот ќе се надеваат на подобри резултати но не би можел да го прогнозира исходот во шампионатот.

Мотори.ком.мк ексклузивно од Милано, благодарение на соработката со Динамикс.

Back To Top