Прво беше концептот кој беше претставен на мото шоуто во Осака во 2015 година. На истиот настан на почетокот на минатата година се појави и прототипот. А потоа на мото шоуто EICMA во Милано, Honda ја претстави и продукциската верзија на CRF250L.

Прво беше концептот кој беше претставен на мото шоуто во Осака во 2015 година. На истиот настан на почетокот на минатата година се појави и прототипот. А потоа на мото шоуто EICMA во Милано, Honda ја претстави и продукциската верзија на CRF250L. Добри вести: има многу додатоци од релито Дакар. Уште подобри вести: Има и одличен хардвер кој може да ги поддржи сите тие додатоци.

IMGP2941

Кај основниот модел за 2017 година, индукциското подесување е целосно променето. Има нова воздушна кутија, целосно нов дизајн на придушувачот, поголем издув заедно со ECU што му дава на мотоциклот 25.5 коњски сили.

Одлична основа за рели па оттука соодветно одговараат и сите додатоци. А меѓу нив се поголемиот 9,8 литарски резервоар со кој ќе можете да поминете околу 320km, специјална оф роуд Shova вилушка како и поголеми алуминиумски бандаши. Моделот исто така има и многу подолга суспензија, поголем преден диск како и можност да ја вклучите или исклучите ABS опцијата на задното тркало. Мотоциклот има и ветробранско стакло со „лебдечки“ стил и асиметрични LED светла. И со сите овие додатоци од Honda тврдат дека мотоциклот тежи 156 килограми.

Основната верзија на CRF250L A може да се најде во салонот на Макпетрол (увозникот на Хонда за Македонија) за 5290 евра, додека пак RLA DACAR верзијата чини 6.290€.

Back To Top