Мотоцикли

Aprilia го претстави новиот Shiver 900 2017

Aprilia ги комбинираше новите перформанси со одличната структура на шасијата за да го создаде новиот 2017 Shiver 900, соголен спортски мотоцикл. Тој неодамна беше претставен на EICMA шоуто во Милано, Италија.

Следете нè на:

 

Aprilia ги комбинираше новите перформанси со одличната структура на шасијата за да го создаде новиот 2017 Shiver 900, соголен спортски мотоцикл. Тој неодамна беше претставен на EICMA шоуто во Милано, Италија.

Новиот  2017 Aprilia Shiver 900 е развиен од оригиналниот проект кој потекнува од 2007 година. Тој пак претставува пресвртница за компанијата бидејќи беше првиот фабрички мотоцикл кој на него имаше „ride-by-wire “ технологија.

aprilia launches new 2017 shiver 900 at eicma 11

На моделот за 2017 година, V-twin моторот е подобрен за да произведе поголема моќност, има поефикасен систем на подмачкување, нов издувен систем кој е во согласност со Euro 4 стандардот како и репрограмиран ECU. Крајниот резултат ни дава 95 коњски сили и 90 Nm при 6500 вртежи во минута.

Мотоциклот има напреден систем за контрола на тракцијата кој гарантира максимална безбедност. Шасијата на мотоциклот е направена преку комбинација на челични шипки и алуминиумски плочки кои обезбедуваат цврстина.

Задната вилушка е направена од алуминиумска легура која е специјално направена за да го издржи дополнителниот притисок поради страничното позиционирање на амортизерите.

Предниот дел има прилагодлива, 41 милиметарска, „Kayba“ вилушка и радијални дискови. Дво-каналските ABS сопирачки се стандарден дел.

Aprilia за моделот 2017 Shiver 900 нуди и широка палета на додатоци кои се посветени на спортот и на патувањето. Можете да ставите детали кои се изработени од јаглеродни влакна, штитници, странични куфери и уште многу други работи.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.