(Време на читање: 1 минута)


Христијан Бузалковски по втор пат се закити со бронзениот медал на ФИМ Европскиот куп во класата СуперСток 1000.

Трките годинава се возеа на Гробник (Хрватска), Панониа Ринг (Унгарија), Брно (Чешка) и Словакиа Ринг (Словачка), а Бузалковски во конкуренција на 37 возачи финишираше на третата позиција, зад Макс Мелцер од Австрија и Мате Сзмадо од Унгарија.

buzalkovski 3 mesto

647efdc3 c2ca 46d0 a169 d71bb2ec0058

4f63c202 ce6c 45b3 9f8a 61883496b417

Во својата објава на социјалните мрежи тој се заблагодари на сите фанови:

Вториот бронзен ЕВРОПСКИ медал доаѓа во Македонија!

2023 & 2025 бронзен медалист на ФИМ Европскиот куп во класата СуперСток 1000!

Уште еден историски момент за брзинскиот моторциклизам во Македонија!

Денес во Верона , Италија се одржа доделувањето на наградите на @alpeadriaimc & ФИМ Европа!

Јас ја имав честа по втор пат да го освојам овој престижен медал за сезона 2025!

Огромно благодарам до сите кои што верувате , вложувате и навивате за мене и за мојот тим!

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: